Деновиве во Охрид се одржува регионална наставничка конференција „Светот на образованието ги брише границите“, во организација на ,,АНН ЛР”, со поддршка на Општина Охрид.
На настанот учествуваат просветни работници од Македонија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора кои, денес, ја посетија и нашата Гимназија каде што одржаа и работилница „Четири држави, една вредност„.
Ваквите настани, на кои се разменуваат практики, се навистина збогатувачки искуства и за нашите наставници и за наставниците од регионот.









