На минатонеделниот Саем на образование и кариера кој се одржа во Младински центар, нашите ученици и професори ги претставија предностите на гимназиското образование за понатамошна кариера и успех во секое поле – „Од училница до професија”.
Исто така беа презентирани и работата на нашата Гимназија и техничките услови со кои располага, а присутните гости имаа можност да поразговараат и да слушнат директни искуства од наставниците и учениците.











