Еко час во нашата Гимназија- Добивање природни бои растворливи во вода

Во духот на одржливоста и екологијата, во нашата Гимназија се одржа еко час за пренамена на био-отпад, поточно добивање природни бои растворливи во вода.

Под раководство на професорките по хемија и ликовна уметност, Билјана Толевска Стевоска и Катерина Слатиноска, 20-тина наши ученици одржаа еко час каде научија како се произведуваат органски бои од био-отпад од зеленчук како цвекло, зелка, моркови, какао и куркума. Овие бои се користат за изработка на слики, витражи и други уметнички дела на часовите по ликовна уметност.

Целиот процес на подготовка на боите можете да го видите во видеото.