Учениците од ученичката заедница на нашата Гимназија се пласираа меѓу шесте училишта во нашата држава. За таа цел, во периодот од 05.05 до 07.05 во Неготино, учествуваа на тридневна активност која е дел од проектот најГЛАСни 2024/2025 г., која се реализира со поддршка од LEAD, Фондацијата Конрад Аденауер, Министерството за образование и наука и Сојузот на средношколци.
Тие најпрво го посетија собранието на РМ и лично поразговараа со пратеници, при што поставуваа прашања, дебатираа и се запознаа со начинот на кој носат одлуки.
Покрај тоа учениците се запознаваа меѓу себе, разменуваа идеи, зборуваа за тоа како функционираат нивните ученички заедници, односно што им оди лесно, каде имаат предизвици и како изнаоѓаат решенија за предизвиците со кои се соочуваат.
Дополнително, преку соработка и размена на искуства со врсници од други училишта, тие ги зајакнаа своите капацитети за водење на ученичките заедници и решавање на заеднички предизвици.
Овој настан претставува важен чекор кон создавање на активни, информирани и одговорни млади лидери во нашата држава.

















