Бројни награди за гимназијалците на државниот натпревар по англиски јазик

На државниот натпревар по англиски јазик кој се одржа во Скопје на 10 мај 2025, сите наши учесници се закитија со награди.

Од прва година, под менторство на проф. Сузана Ристеска, ученичката Михаела Стефаноска со освоени 92 бода се пласира на високото второ место во конкуренција на 79 натпреварувачи, а Сара Котеска освои втора награда.

Со втори награди се здобија и Исидора Маркоска и Јован Попоски од трета година, под менторство на проф. Ана Топенчарова Коваческа.

Им честитаме на учениците и менторите и им поскауваме многу среќа и успех.