На државниот натпревар по атлетика за средни училишта кој се одржа на 19.05.2025 година во Куманово, две наши ученички од прва година се закитија со вредни награди.
Имено, ученичката Калина Анѓелоска освои 1 место во категорија 400 метри-жени, додека Сара Секулоска освои 2 место на 100 метри-жени и 3 место во скок во далечина.
Им честитаме на нашите ученички и се гордееме со нив. Браво девојки!


