Еко базар во нашата Гимназија

Денес, на 9-ти јуни, во дворот на нашата Гимназија, се одржа последното издание на Еко базарот организиран од Младински центар – Охрид.

На овој настан исполнет со одржливост, младинска енергија и човечност учествуваа нашите ученици и професори, но и ученици од повеќе училишта од градот, како и граѓани на Охрид.

Од облека од втора рака и книги, до рачни изработки и уникатни предмети – повторно успеавме да создадеме простор каде што старите нешта добиваат нов живот.

Базарот имаше хуманитарен карактер, а сите собрани средства ќе бидат донирани за настраданите во трагичниот настан во Кочани. Заедно градиме посвесна, позелена и посочувствителна заедница.

Оваа активност е дел од проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија“, финансиран од Европската унија и имплементиран од People in Need (PIN), АРНО, ЛЕАД и Ековита.