Деновиве завршува Erasmus+ проектот “Youth club of lovers of the world of plants”- “Младински клуб на љубители на растенија од светот”, во кој нашата Гимназија учествуваше со свои ученици и професори.
Заедно со партнерите од Турција, Мадеира-Португалија, Полска, Литванија и Аруба, младите љубители на растенија ги истражуваа специфичните видови во секоја земја и изработија завршен производ-Атлас на одбрани растенија од секоја од земјите учеснички. Овој проект им ја зајакнува почитта на младите кон природата и свеста за нејзината важност во нашето секојдневие.
Завршуваме едно прекрасно искуство со ветување за идни плодни соработки на оваа тема.
Атласот можете да го погледнете на линкот подолу:




