Паметна клупа во дворот на Гимназијата

Гимназијата доби паметна клупа ,,SB MINI” за трајно користење отстапена од Општина Охрид добиена како донација од ОКТАГОН ПРИМА ДОО Скопје.

Потребите на младите бараат нови решенија кои имаат за цел да го олеснат нивното движење и да понудат брзи информации.

Паметната клупа овозможува да се обезбеди енергија, поврзување и релевантни локални информации во движење.