Домаќин на втората мобилност на Еразмус проектот ,,Europe: We are the colors of the rainbow” 2024-ES-KA210-SCH-E684DA4A, беше ЕПАЛ Сикеон, средно стручно училиште од Солун. Нашите соседи се покажаа како љубезни и гостопримливи, а нашите традиции многу блиски.
Во овој проект за културното наследство и УНЕСКО вредностите, покрај Македонија, учествуваат Шпанија, Италија, Грција и Турција, а во богатата програма учество зедоа ученички од четврта година: Лина Боцеска, Ѓорѓина Нанушеска и Лидија Танушеска, во придружба на психолог Алберта Гулицовска и проф. Славка Јанеска. Покрај активностите од ликовната уметност – декорација на торби и музичка уметност – фолкорни танци, работилницата за циркуларна економија, меѓусебно запознавање и зближување на тимовите се одвиваше во текот на посетите на најважните археолошки локалитети од тогашниот антички свет и нивните богати музејски поставки: древните македонски престолнини Пела, родното место наголемиот Александар и Вергина со кралските гробници на Филип II и другите членови на фамилијата, потоа Вериа, Воден со водопадите и блиските термални бањи Лутраки, како и стариот дел на Солун , Ано Поли, високо на брдото над морето во придружба на професионален туристички водич – девојка која историјата на градот ни ја интерпретираше низ интересен пристап, така што овој пат градот го доживеавме на сосема друг, возбудлив начин.






