Фондот на книги во Гимназијата збогатен со последната донација од професорката Виолета Ачкоска

Проф. д-р Виолета Ачкоска е родена на 4. IX 1954 година во Охрид. Како истражувач и универзитетки професор, Ачкоска е автор и коавтор на над 40 монографски и други трудови, автор на околу 100-тина научни статии и поголем број публицистички и други пишувани трудови.

Библиотеката на нашата Гимназија е сега побогата со неколку наслови од нејзиниот богат опус кои ќе им служат и на учениците и на наставниците.