Ликовна изложба по повод патрониот празник на Гимназијата

Во петокот, 5.12.2025, беше организирана изложба со дела на нашите ученици.

Гимназијалците твореа на различни теми под менторство на професорките Катерина Слатиноска и Ема Димовска. Дел од изложбата беа и наградените дела на овогодинешниот конкурс за ликовни творби „Јас имам сон” по повод патрониот празник на Гимназијата.