Вечерва 3Д мапинг музичко-сценско шоу во дворот на Гимназијата

Вечерва, од 18:00 до 22:00 часот, во дворот на нашата Гимназија ќе се одржи 3Д мапинг музичко-сценско шоу „Ехото на Охрид“, по концепт и режија на Илија Пиперкоски.

Автори на видео-анимациите и 3Д мапингот, кој трае околу 45 минути, се Јовица Смилески и Милчо Узунов. Настанот претставува аудио-визуелно доживување што ја обединува светлината, звукот и архитектурата, при што фасадата на гимназијата ќе се трансформира во „жива сцена“ и симболично ќе го поврзе минатото со иднината.

Проектот е реализиран со поддршка на Општина Охрид. Проекциите ќе се прикажуваат со репризи на секој час во 18:00, 19:00, 20:00 и 21:00 часот, со траење од 45 минути и 15-минутна пауза меѓу нив, а просторот ќе биде отворен за публика до 22:00 часот.