КОНКУРС

Во согласност со правилата од грантот за проектот: ”The small Big changes“ кој е финансиски поддржан и се спроведува во рамките на Програмата Еразмус+ на Европската Унија, менаџирана од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност,  Директорот нa ОСУ „Св. Климент Охридски“,  од Охрид  распишува

                                                             К  О  Н  К  У  Р  С

за аплицирање за учество на  5  ученици од прва година што преку овој проект би биле вклучени во мобилностите на Еразмус+ проектот што ќе се одржат во Конија(Турција) од 19.04-25.04 2026 год.

Учениците кои се заинтересирани да аплицираат за овој проект треба да достават:

  • Пополнат формулар (може да се преземе од кај педагошко-психолошката служба) кој се доставува до секретарот на училиштето заедно со есејот не подоцна од 20.02.2026(петок ) до 13:00 часот. Есејот треба ди биде на тема “Really, do you want a new phone?”

Сите апликанти ќе бидат повикани на интервју на датум 23.02.2026 (понеделник) во 14:30 часот.

Интервјуто ке биде спроведено на англиски јазик. За интервјуто апликантите треба да се подготват на темата  “Really, do you want a new phone?”

Критериуми за избор на ученици за учество во проектот:

  • успех од прво полугодие од учебната 2025/2026 година
  • поведение
  • креативност

Во случај на исполнетост на основните критериуми од страна на повеќе кандидати, предност имаат ученици кои припаѓаат на ранлива категорија ученици (ученици со самохран родител,ученици чии родители се приматели на социјална помош),какои ученици кои претходно не биле вклучени во други Еразмус +проекти.

  Датум 17.02.2026                                                                  Директор Светлана Велкоска