Нашата Младинска заедница со видео по повод Денот на мајчиниот јазик

По повод 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, Младинската заедница при ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид реализираше креативно видео со кое ја одбележа важноста на јазикот како темел на идентитетот, културата и традицијата.

Овој ден, прогласен од страна на UNESCO, има за цел да ја истакне важноста на зачувувањето и негувањето на мајчиниот јазик, како и почитувањето на јазичната разновидност ширум светот. Преку видеото, учениците испратија порака дека јазикот не е само средство за комуникација, туку и мост што ги поврзува генерациите, историјата и културното наследство.

Целта на оваа активност беше да се подигне свеста кај младите за значењето на мајчиниот јазик, да се поттикне правилна и културна употреба на јазикот во секојдневната комуникација, како и да се развие почит кон сите јазици и култури.

Во видеото учествуваа:

Режија, монтажа и камера:
Иво Георгиески

Актери:
Калина Спасеска, Лара Мостров, Никола Гашоски, Фиона Винчензи Маркулевска, Матеј Батковски

Логистиска:
Ангел Трајчески и Леона Неделкоска