Вчера, во спортската сала при СОСУ “Св.Кирил и Методиј” се одигра третото коло од Баскет лигата.
Во првиот натпревар се сретнаа РЦСОО “Ванчо Питошески” и екипата на СОСУ “Св.Кирил и Методиј” на која “економистите” беа подобри од “угостителите” со резултат 21:11.
Во вториот натпревар се сретнаа екипите на ОСУ “Св.Климент Охридски” и ОЕМУЦ “Св.Наум Охридски” на која гимназијалците извојуваа победа со резултат 21:13.
Со тоа се комплетира третото коло од лигата.






