По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, се одржа креативната уметничка работилница „Жени кои го промениле светот“, во организација на Младинската заедница при ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид, а во соработка со професорките по ликовна уметност.
На работилницата учениците имаа можност преку цртеж и уметничко изразување да оддадат почит на жени кои со својата храброст, знаење и истрајност придонеле за унапредување на светот и општеството. Инспирирани од нивните приказни, гимназијалците создадоа креативни дела кои ја отсликуваат силата, влијанието и значењето на жената во различни области од животот.
Целта на оваа активност беше да се поттикне креативноста кај учениците, но и да се подигне свеста за важната улога на жените во градењето на подобро и поеднакво општество. Работилницата помина во инспиративна и креативна атмосфера, покажувајќи дека уметноста е моќен начин младите да ги изразат своите ставови и почит кон оние кои оставиле трага во историјата.















