На 16.04.2026 година, во ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид, се одржа регионален натпревар по хемија за ученици од основното и средното образование. Нашите гимназијалци повторно покажаа знаење, посветеност и љубов кон науката, постигнувајќи значајни резултати и достојно претставувајќи го училиштето.
I година:
- Елена Павловска – I награда и пласман на државен натпревар
- Теона Шиникоска – II награда и пласман на државен натпревар
Ментор: Билјана Стевоска
II година:
- Димитар Велкоски – успешно учество
Ментор: Јасминка Иваноска
III година:
- Калина Јамандиева – III награда и пласман на државен натпревар
Државниот натпревар ќе се одржи на 14.05.2026 година во Скопје, каде нашите ученици ќе имаат можност повторно да ги покажат своите знаења и вештини на повисоко ниво.
Им упатуваме искрени честитки на учениците и нивните ментори за постигнатите успеси, со желби за уште поголеми достигнувања и блескави резултати на претстојниот државен натпревар!