Гимназијата на Саем за образование и кариера 2026

Изминатиот петок, 24.4.2026 година, во организација и во просториите на Младински центар Охрид, традиционално се одржа Саемот за образование и кариера, наменет за основци и средношколци, кој им овозможи подобро да се информираат и полесно да го насочат својот понатамошен образовен пат.

Настанот претставуваше одлична можност младите да се запознаат со различни образовни институции, студиски програми и кариерни можности, како и да добијат корисни информации кои ќе им помогнат при изборот на нивниот понатамошен образовен и професионален пат.

Свое учество имаше и нашата Гимназија, која се претстави со сопствен штанд, привлекувајќи голем број заинтересирани ученици и посетители. Преку презентација на наставните програми, активности и можности што ги нуди училиштето, посетителите имаа можност поблиску да се запознаат со Гимназијата, да разговараат со ученици и професори, како и да добијат информации од прва рака за училиштниот живот и насоките што се нудат.

Изразуваме огромна благодарност до Младински центар – Охрид за поканата за учество на овој прекрасен настан.