На денешната трка со хуманитарен карактер „Од срце трчај, со срце дарувај за малата Ева“, организирана од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“, нашите гимназијалци учествуваа и како натпреварувачи и како поддршка на настанот кој беше исполнет со хуманост, позитивна енергија и вистински спортски дух.
Со особена чест истакнуваме дека нашиот ученик Филип Шибакоски освои одлично второ место , покажувајќи посветеност, истрајност и желба за успех, но и поддршка за хуманата цел.
Покрај натпреварувачите, на настанот активно учествуваа и наши професори, како и ученици-волонтери кои со својата ангажираност, одговорност и ентузијазам придонесоа за успешната организација и пријатната атмосфера.
Овој настан уште еднаш потврди дека кога сме обединети околу вистинска цел, знаеме да покажеме солидарност, хуманост и заедништво.




