Турнир во баскет во нашата Гимназија

Вчера на спортското игралиште на Гимназијата, во чест на празникот Св.Кирил и Методиј се одигра турнир во баскет 3×3 „Гимназија куп 2026” во организација на училишниот спортски клуб “Гимназија Охрид”, а во соработка со ГКК Охрид и Општина Охрид.

На турнирот учествуваа вкупно 9 екипи, од кои 7 во машка и 2 во женска конкуренција или преку 50 учесници.
Две екипи од Гимназија, по една екипа од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски”, ГКК Охрид, Спортска академија, Јахја Ќемал колеџот и една од Гимназија „Бора Станковиќ” Врање Република Србија во машка и екипите на охридската Гимназија и гимназијата „Бора Станковиќ” од Врање во женска конкуренција, ги одмерија силите во прекрасна спортска и пријателска атмосфера.

Настанот за отворен го прогласи претседателот на Советот на општина Охрид проф.Перчо Божиновски, а гостин беше и Конзулот на Република Србија во Македонија г-дин Мишо Филев.