Во магичниот амбиент на Куршумли-ан, нашите ученици, учесници во проектната активност Драма и Ликовно-творечки активности, имаа можност да ја посетат музејската поставка на театарските кукли на Театарот за деца и младинци, посветена на големиот јубилеј – 80 години театарска магија, фантазија и творештво.
Меѓу куклите што со децении оживуваат приказни, детски соништа и незаборавни ликови, учениците откриваа дека секоја кукла има своја душа, секоја форма крие приказна, а секое движење може да стане уметност.
Една средба со театарот зад сцената, со креативноста зад ликот и со магијата што ги поврзува драмата и ликовното творештво. Зашто уметноста не е само нешто што го гледаме – таа е нешто што го чувствуваме, го откриваме и го создаваме!





