Убав настан во нашето училиште

На ден 05.09.2024 година во нашата гимназија се одржа настан, на кој беше опфатен освртот на историскиот развој на Охридската гимназија од страна на м-р Михаил Патчев и претставување на творештвото на писателот и поет Боривоје – Бора Живаљевиќ од Република Србија. Промотори, учесници и почесни гости беа претседателката на “Здружението на просветни работници- Литературни творци на Македонија” Благојка Филипчева, Михајло Филев- почесен конзул на Р.Србија во Охрид, директорката Светлана Велкоска, проф. д-р Виолета Ачкоска, како и други познати поети, писатели и просветни работници.