Низа први места на нашите ученици на општинските натпревари во различни спортови

Изминативе неколку недели се одржаа општинските натпревари помеѓу учениците од средните училишта во нашиот град и тоа во повеќе спортови.

Нашите ученици заслужено се закитија со следните награди:

I место КОШАРКА и во машка и во женска конкуренција

I место РАКОМЕТ во машка конкуренција

II место ОДБОЈКА во женска конкуренција

Успешно учество на натпреварот во ФУТСАЛ.

Честитки до сите спортисти за изиграните натпревари во фер атмосфера и натпреварувачки дух. Ваквите настани ни покажуваат дека спортот е важен за развој на една здрава младина која понатаму може да има само светла иднина