Во петок, на 6.12.2024 година, во холот на Гимназијата се одржаа отворени часови на неколку теми, подготвени од наши професори и ученици, по повод патрониот празник Св. Климент Охридски – заштитиник на нашето училиште и на нашиот град.

Активите по хемија и биологија имаа презентација на тема “Хемиски состав на снус и на енергетските пијалоци и нивното влијание врз човечкиот организам”. Како гостин, свое обраќање имаше и д-р. Бранка Милачиќ-специјалист кардиолог.




Активот по физика, пак, ги претстави наградените ученици на натпреварот во склоп на 46-та Школа “Mлади физичари” кои ги презентираа своите експерименти “Моќност на соларни панели” “Ефикасност на сончевите грејачи” и “Електро-вртелешка”.





Нашите историчари подготвија две презентации со насов “Образованието и културата во НОВ”и “Дел од еминентните личности кои произлегле од Охридската гимназија”.






А нашите ученици-уметници подготвија изложба на тема “Ликовни творби кои ги отсликуваат чувствата и мислите на учениците за врсничкото насилство”.


