Денес го одбележавме Светскиот ден на човековите права со работилницата „Јас сум ученик и јас имам права“, организирана од Младинската заедница при ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид.
Во текот на презентацијата, учениците имаа можност подобро да ги запознаат своите права , да разговараат за нивното значење и како тие можат да се применат во секојдневниот живот.
Работилницата заврши со креативна активност – изработка на хамер , каде секој ученик ги изрази своите чувства и ставови поврзани со правата што ги поседуваат како ученици и млади луѓе.
Пораката е јасна: Сите ние имаме права, но и одговорности – а најважно од сѐ, правото да бидеме слушнати и почитувани!








