Аудиција за ученици за претстава на англиски јазик

Оваа учебна година гимназијалците ќе подготвуваат претстава на англиски јазик. Станува збор за најизведуваната претстава во историјата на театарот, „Стапица за глувци“ од Агата Кристи, која во Лондон се прикажува веќе над 70 последователни години.

Ги покануваме сите заинтересирани ученици на аудиција, која ќе се одржи на 23 декември.