Присуство на нашите ученици на вебинар на тема „Зелена економија“

Вебинарот се одржа на 11 декември 2024 г. од 12:30-14:00 часот со предавач проф. д-р. Владимир Петковски.

Целта на вебинарот беше да ги запознае учениците и наставниците со теми од областа на животната средина, пред сè Зелена агенда, Зелениот договор и Зелено претприемништво.

Овој вебинар се организира во рамки на проектот „Зелена младина зелен раст“ кој има за цел да ја поттикне соработката на младите, граѓанските организации и медиумите во одговор на главните теми од Зелената агенда (циркуларна економија, климатски промени, биодиверзитет, борба против загадувањето и одржливи системи за храна и рурални области).

Активностите на овој проект придонесуваат кон одржлив и зелен развој како и кон процесот на пристапување во ЕУ, преку создавање граѓанско општество и зајакнати вештини на младите во областите на Зелената агенда.

Проектот е финансиран од Европската унија, а е спроведуван од Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во партнерство со Џуниор Ачивмент Македонија и Фондација Можности.

На овој Вебинар беа присутни учениците од втора година заедно со предметниот наставник по хемија Јасминка Иваноска, а на истиот им беше претставена активноста на учениците од нашето училиште Recycle, Reuse and Repurpose и се однесуваше на старите шкафови на кои што им беше даден нов живот.