
Во согласност со правилата од грантот за Еразмус+ проектот 2024-ES-KA210-SCH-E684DA4A ,,Europe: We are the colors of the rainbow” односно „Европа: Ние сме боите на виножитото“, кој е финансиски поддржан и спроведуван во рамките на Програмата Еразмус+ на Европската Унија, а менаџирана од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Директорот нa ОСУ „Св. Климент Охридски“, од Охрид распишува:
К О Н К У Р С
за аплицирање на 3 ученика од II година кои преку овој проект за УНЕСКО вредностите (природно и културно наследство) би биле вклучени во Еразмус+ проектот и првата мобилност, од вкупно три мобилности во проектот.
Првата мобилност ќе се одржи во периодот од 7 до 11 април 2025 година во: Карабук, Турција, а за останатите две мобилности на проектот кои ќе бидат во наредната наставна година термините ќе бидат утврдени дополнително и ќе има нови повици.
Учениците кои се заинтересирани да аплицираат, треба да достават:
- Мотивационо писмо;
- CV
- Пополнат формулар (може да се преземе ТУКА или во психолошко –педагошката служба).
Документацијата се доставува во психолошко –педагошката служба, не подоцна од 29.01.2025 година. Сите апликанти ќе бидат повикани на интервју на датум кој дополнително ќе биде определен. За интервјуто апликантите треба да подготват усна презентација на следнава тема:
УНЕСКО вредностите (на мојот регион и пошироко)
Критериуми за избор на ученици за учество во проектот:
- да нема претходно учество на Еразмус+ проект во училиштето
- успех
- поведение
- мотивационо писмо
- усна презентација
Во случај на исполнетост на основните критериуми од страна на повеќе кандидати, предност имаат ученици кои припаѓаат на ранлива категорија ученици (ученици со самохран родител, ученици чии родители се приматели на социјална помош, ученици со посебни образовни потреби), како и ученици со солидно познавање на англискиот јазик и вештини како видео монтажа, изработка на логоа и сл.