Заедно против врсничкото насилство: Поддршка и решенија за нашите деца!

Од 27до 30 јануари 2025г. во  Ротердам беше одржана втората мобилност за наставници во рамките на проектот „MUltiDIsciplinary design of parent and teacher training to prevent peer bullying”. Ова беше можност да се презентира сработеното во првата година и да се продлабочат активностите за спречување на врсничкото насилство.

Нашиот тим посветено работеше на:
* Организирање средба со Советот на родители за претставување на целите и задачите на проектот;
* Спроведување анонимни анкети за наставници и родители за препознавање и превенција на насилството;
* Слушање на гласот на учениците – анонимни текстови за нивните искуства со врсничко насилство;
* Длабинска анализа на резултатите од страна на педагошката служба;
* Размена на мислења со родителите – како да го препознаат и спречат насилството врз своите деца.

Овие драгоцени информации, заедно со истражувањата на сите 7 партнери, ќе бидат предадени на Универзитетот во Букурешт, каде ќе се направи детална анализа на моменталната состојба. Наодите ќе бидат основа за изработка на прирачник за родители и наставници за превенција од булинг.

 Булингот не е само збор – тоа е реалност со која мораме заеднички да се справиме!
Како родители, наставници и заедница, наша е одговорноста да ги заштитиме децата, да ги научиме на емпатија и да создадеме безбедна средина за нивниот раст и развој.