GIVE ME FIVE! – Настан во нашата Гимназија по повод месец на ретките болести

Младинската заедница при ОСУ „Св. Климент Охридски” – Охрид по повод одбележување на месец февруари – месец на ретките болести, организира настан под наслов 💙GIVE ME FIVE!💚кој ќе се одржи на 06.02.2025 (четврток) со почеток од 13:00 ч. пред гимназиската сала и во училишната библиотека.

Целта на овој настан е да се подигне свеста за ретките болести кај младата популација преку креативни активности кои ќе ги вклучат учениците во создавањето на уметност која ќе има едукативен карактер. Муралот ќе биде симболичен потсетник за потребата од поддршка и разбирање на оние кои страдаат од овие болести.

Покрај тоа, ќе бидат изработени и хамери со тема факти за ретките болести, кои ќе бидат поставени во училиштето. Овие хамери ќе служат како информациски и образовни материјали кои ќе им помогнат на учениците да се запознаат со важни податоци и статистики во врска со ретките болести.

Поканети се сите ученици, наставници и заинтересирани граѓани да учествуваат и да ја покажат својата поддршка