Месецов, Гимназијата ќе биде побогата за двајца ученици кои ни дојдоа од Истанбул, Република Турција и ќе бидат дел од секојдневието на нашите гимназијалци цели 30 дена.
Мустафа Али Алтинташ и Џан Мерт Башаран се ученици во Şişli Anadolu Lisesi – гимназија од Истанбул кои преку Erasmus+ програмата, дошле во нашиот град да го искусат животот и учењето во друга држава. Тие ќе присуствуваат на часови и ќе бидат дел од сите воннаставни активности кои ги организира нашето училиште во овој период, а се разбира, и ќе се дружат со нашите гимназијалци.
Со ова искуство, тие ќе ги зголемат своите знаења и вештини , и воедно ќе дадат поддршка на генералната стратегија на ЕУ за најмалку 20% од младите да поминат дел од своето формално или неформално образование во друга европска држава.
Им посакуваме пријатен престој во нашето училиште и се надеваме дека ќе ги испратиме со убави впечатоци и желба повторно да ни дојдат.
