Денес, 06.02.2025, Младинската заедница при ОСУ „Св. Климент Охридски” – Охрид организира настан по повод одбележувањето на месец февруари – месец на ретките болести насловен – GIVE ME FIVE!
Овој настан се состоеше од: сликање на мурал на ѕид како и работилница за изработка на хамери со цел подигнување на свеста за ретките болести.
Овој настан е од особена важност, бидејќи преку уметноста и заедничките активности, создадовме посебна атмосфера на разбирање и поддршка за оние кои живеат со ретките болести.
Нашата цел е да ја поттикнеме младата популација да се запознае со предизвиците на лицата кои страдаат од ретки болести и да им покажеме дека секој може да направи разлика со малку разбирање и солидарност.
Срдечна благодарност до здружението „Ретко е да си редок” и прекрасната претседателка, Гордана Лолеска, за нивната беспрекорна поддршка и посветеност на подигнувањето на свеста за ретките болести!























