Неделава, од 17 до 21 февруари 2025 година, нашата Гимназија е домаќин на 30 ученици и професори од неколку училишта од Романија во рамките на проект за размена на добри практики во образованието.
И професорите и учениците присуствуваат на часови по спорт, странски јазици и природни науки: хемија, биологија и математика со цел да усвојат добри практики кои ние ги применуваме во воспитно-образовниот процес.
Секако, за време на оваа посета, неизоставен дел е и културолошката размена која кулминираше со средба која што нашите гости ја организираа за нашите ученици и професори, а на која ни презентираа нивни традиционални песни, танцови и храна.
Се надеваме дека ги исполнивме нивните очекувања како домаќини и дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина затоа што ваквите искуства ни причинуваат особено задоволство и се награда за секојдневниот труд кој што го вложуваме.







