Го славиме 21 ФЕВРУАРИ – МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК

По повод одбележување 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, Младинската заедница при ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид на 20.02.2025 во Гимназискиот хол организираше ОРАТОРСКА ВЕЧЕР на тема: “Јазикот е наша единствена татковина”.

Како меѓународен ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, е воспоставен од УНЕСКО во 1999 година и официјално признат од Обединетите нации во 2002 година. Овој ден, ја истакнува важноста на јазичната разновидност, културното наследство и правото на секој човек да го користи својот мајчин јазик.

Настанот беше со цел да ја истакне важноста на мајчиниот јазик како носител на културниот и националниот идентитет, поттикнувајќи љубов и почит кон јазичното наследство. Преку инспиративни ораторски говори, учесниците ќе ја истражуваат темата „Јазикот е наша единствена татковина“, нагласувајќи ја улогата на јазикот во зачувувањето на традицијата, историјата и вредностите на еден народ.

НАГРАДЕНИ УЧЕСНИЦИ

I награда – Мартин Мацкоски и Софија Јаковлевa

II награда – Ева Карамитре

III награда – Наум Трендафиловски

Честито до наградените учесници, им посакуваме уште поголеми понатамошни успеси.