Гимназијалците во посета на Белчишко Блато

Денес нашите ученици го посетија Белчишкото Блато – Дебрца како дел од програмата “Младите за важни промени,,
Целта беше учениците да се запознаат со биодиверзитетот (флора и фауна), кои преку текстови, фотографии и други содржини беа прикажани во Изложбениот центар за екотуризам.
Исто така учениците имаа можност да излезат на терен и да посетат дел од Белчишкото Блато (Сини Вирој) кое се наоѓа во подножјето на Илинска Планина. Блатото претставува реликтен остаток од некогашното Десаретско Езеро. Со повлекување на езерото по должина на реката Сатеска бројни растителни и животински ендемични видови останале да егзистираат и понатаму на овој локалитет.
Во текот на оваа активност нè водеше Ѓоко Зороски, еколог, Екотуризам 2016, Охрид (Блатните екосистеми – сојузници во борба против климатските промени).