Нашиот еко-тим на работилница ”Зелени Работни Места на Западен Балкан,,

Гимназијалците од еко-тимот имаа можност да присуствуваaт на работилница ”Зелени Работни Места на Западен Балкан,, .
Оваа интерактивна работилница беше предводена од Др. Даниел Богнер, експерт со над 25 години искуство во управување со животната средина и биодиверзитетот.
Во текот на оваа активност, нашите ученици се запознаа со:
• Што е Зелена Агенда на Западен Балкан;
• Како одржливиот развој создава нови можности за работа;
• Како можеме да бидеме дел од зелената иднина.
Современите трендови од оваа бранша се грижат како ќе се развиваат еколошките принципи и ќе обезбеди економичност во производството со заштита и одржување на агроекосистемите и екосистемите. Тоа значи производство на квалитетна, здравствено безбедна, контролирана и сертифицирана храна која ги задоволува потребите на современиот потрошувач, придонесува за рационално користење на ресурсите и заштита на животната средина.