Денес, во организација на Еко клубот од нашето училиште, а во соработка со вработените од фабриката Магна на зелените делови во дворот од нашето училиште беа засадени повеќе садници од различни дрва и растенија. Засадувањето го реализираа наши ученици-членови на Еко клубот кој работи под менторство на проф.Вера Гушевска-Војнеска и проф.Емилија Трајческа.
Нашиот Еко клуб активно се вклучува во сите активности кои се организираат на ниво на општината, а кои се значајни за зачувување на здрава животна средина како во училиштето така и во целата околина.
Голема благодарност до тимот на Магна за донацијата на садниците.





