Гимназијалците на еко-пазар со благородна цел

На 5-ти април, учениците од нашата Гимназија учествуваа на вториот еко-пазар кој се одржа на плоштадот Крушевска република. Всушност, тоа е пазар на стара облека, книги, обувки, играчки, рачно изработени сувенири од нашите гимназијалци и други предмети.
Нашата цел беше да се обидеме да ја подигнеме свеста за брзата мода и да го дестигматизираме купувањето на половна облека.
Еко-пазарот беше од хуманитарен карактер, при што сите собрани средства ќе бидат донирани за малиот Петар, кој има ретка болест и му се потребни итни и сложени операции во Истанбул.
Оваа активност е дел од проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија”, финансиран од Европската унија и имплементиран од People in Need (PIN), АРНО, ЛЕАД и Ековита. Исто така е поддржана од Младински центар и со него се дава практичен пример за борба против загадувањето од текстил за учениците од програмата “Училишта без пластика,,.