Гимназијалците “Oбединети против врсничко насилство” на Еразмус+ мобилност

 Од 31 март до 3 април гимназискиот тим   учествуваше  во креативната мобилност во рамките на Еразмус+ проектот „Обединети против врсничко насилство“ што се одржа во во  Крагуевац, Србија.

                Учениците и наставниците од Франција, Турција, Македонија и Италија, работеа заедно на создавање кратки филмови како моќен начин за подигнување на свеста за насилството меѓу врсниците. Преку работилници за сценарио, снимање и монтажа, тимовите ги развија своите идеи и ги претворија во инспиративни приказни.

Покрај интензивната работа на филмовите, учесниците уживаа во културни посети на значајни историски локалитети, каде што се запознаа со богатото наследство на регионот.

Оваа мобилност не само што ја зајакна креативноста и тимскиот дух, туку и ја нагласи важноста на соработката и интеркултурната размена во борбата против насилството.