ПРВО МЕСТО на 51. општински натпревар по прва помош на нашите гимназијалци

На ден 12.4.2025 во организација на Црвен крст Охрид се одржа 51. ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ПО ПРВА ПОМОШ, во кој учествуваа 2 екипи од ОСУ ,,Св. Климент Охридски” – Охрид под менторство на проф. м-р Перчо Божиновски.

ПРВОТО МЕСТО го освои екипата во која се натпреваруваа: Давид Целески, Михаил Николоски, Елена Павлеска, Ања Алческа, Дарија Талевска и Никола Гашоски.

ЧЕТВРТО МЕСТО беа натпреварувачите: Анастасија Динева, Филип Танаскоски, Јон Ѓеорѓиески, Теона Иваноска, Димитар Велкоски и Анастасија Влавческа.

Честито до учениците и менторот за вистинското претставување на Гимназијата.