Деновите од 7 до 11 април во Охрид не беа само уште неколку нови страница во календарот – тие беа лабораторија на искуства, училница под отворено небо, вистински доказ дека знаењето не се мери во часови, туку во доживувања.
Со проектот „Practical is More Logical“ ѕидовите на училницата ги заменивме со природата на Галичица, вкусот на вафли со формули од хемијата, историските улици на Охрид со времеплов кон Гутенберговата печатница и ДНК- експерименти .
Набљудувавме птици, ткаевме, меревме кислород во водите на Охридското Езеро, учевме физика и роботика додека управувавме со дронови и садевме цвеќиња во дворот на Гимназијата. Без класичен час, но со безброј лекции – за животот, за природата, за науката и за себе.
Оваа мобилност не беше само размена на знаење. Беше размена на дух, љубопитност, идеи и култури. Децата од различни земји покажаа дека кога учењето е интерактивно и инспиративно – тогаш е ВИСТИНСКО.
Благодарност до сите учесници, наставници, ментори и соработници!

















