Предавање за HPV вакцина во нашата Гимназија

По повод Европска недела на имунизација, Службата за превентива на деца и младинци при ЈЗУ Здравствен дом – Охрид, одржаа предавање на тема Имунизација со HPV вакцина и целта за ваква имунизација.

Предавањето пред нашите гимназијалци го одржаа д-р Илинка Милошеска Петрова и д-р Кристина Димитриеска.