Голем хуманитарен концерт во нашата Гимназија

Нашите гимназијалци уште еднаш ја покажаа својата хумана страна со организација и изведба на голем концерт во дворот на Гимназијата кој се одржа на 9 мај 2025 година.

Тие посветено работеа изминативе месеци за заврштниот настап да биде прекрасен спој од музика, пеење и танц под име „Тркало на времето”.

Сите средства собрани од продажба на билетите ќе се донираат за хуманитарни цели – помош за настраданите во Кочани.