Запознавање на гимназијалците со високо технолошки напредни роботи и коботи во производниот процес на фабриката ,,Magna mirrors“

На 22.05.2025 година беше реализирана уште една посета на фабриката ,,Magna mirrors“ на канадската компанија ,,Magna International“, со учениците од III година од природно-математичките подрачја, во придружба на професорките по физика Јасмина Јанева и Марија Сиљаноска.

По пристигнувањето во кругот на фабриката, учениците беа пречекани од Maintenance manager  Сашо Сиљаноски кој ги запозна со динамиката на работењето на оваа фабрика за производство на автомобилски ретровизори и делови за истите со најсовремените технологии како и примената на стандардите за производство во автомобилската индустрија.

Учениците на оваа посета имаа можност да присуствуваат и на предавањата од страна на PLC specialist – Александар Настоски и HR specialist-Тамара Тренеска. Тие на еден многу интересен начин им ги презентираа разликите помеѓу роботите и коботите (Human –Robot Collaboration) како и целокупната автоматизација на процесите во фабриката.          

Видно задоволни, со надеж за повторна средба, учениците и професорите си заминаа од фабриката која е сместена во технолошко-индустриската развојна зона во Струга.