Пофалби и признанија за најдобрите гимназијалци по повод 24 Мај – Св. Кирил и Методиј

Делегација на Гимназијата положи свежо цвеќе по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј.

Општина Охрид со огромна пофалба им оддаде признание на нашите најуспешни ученици – младите охридски надежи, кои со својот труд и талент се вистинска гордост за сите нас.

Заедно со своите ментори се продолжувачи на светата мисла и идните чувари на знаењето и на вистината.

Честит празник!