Во рамки на програмата ЦКА-ПХВ на 23.05 и 27.05 се одржа еколошка акција во училишниот двор и истата беше наменета за целосно чистење на дворот.
Оваа активност беше предводена од Еко Клубот од Гимназија во соработка со Црвен крст – Охрид, при што целта беше младите да создадат навики за квалитетна животна средина.
Се надеваме дека вакви исти или слични акции ќе се реализираат повеќе во иднина со цел почиста, поздрава и побезбедна средина за живеење.
Благодарност до сите вклучени за успешно реализираната еколошка акција.




