Во понеделникот, во нашата Гимназија се одржа еден поинаков отворен час каде што нашите ученици од прва и втора година направија спектакл презентирајќи го Сончевиот систем. Тие беа облечени во костуми кои сами ги изработуваа изминатиов период и наликуваа на секоја од планетите, а публиката имаше можност да слушне интересни податоци за нив.
Овој отворен час беше спроведен во соработка со ООУ “Христо Узунов” чиј што хор настапи со неколку песни.

















