Гимназијата во изминатиот период беше домаќин на неколку групи професори од повеќе училишта од Карабук и Сафранболу, Турција. Во рамки на “job shadowing” и групната мобилност на Еразмус, тие ја следеа наставата во нашето училиште, беа дел од неколку работилници, а имаа и свои презентации.
Размена на стручните знаења и споредба на двата модели на образовни системи беа прилика да се научи нешто ново и различно. Секоја група престојуваше по една работна недела. Оваа наставна година, соработката помеѓу нашите збратимени градови е интензивирана и зајакната, и е предвесник на нови идни соработки, а нам ни е особена чест да пренесеме знаење и добри практики на нашите колеги од други држави.







