Информација за уписот на ученици во I година

Почитувани идни средношколци.

Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk

Првото пријавување ќе се врши од  14 јуни до 17 јуни до 23.59 часот

За учениците кои ќе се соочат со потешкотии при електронското аплицирање во училиштето ќе има дежурен тим за техничка поддршка на 16 и 17 јуни од 8 до 17 часот кои ќе помогнат за успешна апликација.

Доставувањето на потребната документација до училиштето ќе се врши на 18 јуни од 8.00 до 19.00 часот и на 19 јуни од 8.00 до 17.00 часот.

Се доставуваат:

  • пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето и истата е бесплатна или може да се преземе од ТУКА);
  • оригинални сведителства од VI  до IX одделение;
  • дипломи (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија , географија и историја;
  • извод од матичната книга на родните(без оглед на датумот на издавање).